Мануел Нојер
изминативе денови се најде во фокусот на јавноста откако еден таксист раскажа
како бил понижен од ѕвездата на Баерн Минхен.
Хазир С. откри
дека возел 120 км и направил трошок од 400 евра за да го врати паричникот на
Мануел Нојер во кој имало лична карта, кредитни картички и околу 800 евра во
кеш.
Голманот сепак не се ни заблагодарил за гестот и преку пошта испратил само свој дрес.
И додека Мануел
Нојер и Баерн Минхен молчат, легендарниот Лотар Матеус покажа класа и го
израдува таксистот, му платил 1.000 евра за да го купи дресот.
„Од лично
искуство знам што значи да се изгуби паричник. Проблем е тоа што следува потоа.
Ги блокираш картичките, па вадиш нови. Аплицираш за нова лична карата… Па го
ценам залагањето на Хазир, кој го спасил Нојер од многу мака“ – вели Лотар
Матеус.
Се говори дека
Лотар Матеус сега ќе го стави дресот на аукција и парите кои ќе се приберат ќе
бидат донирани во добротворни цели.