Додека нашите клубови се мачат да „скрпат“ буџет за една натпреварувачка сезона, во Србија фудбалот е веќе на далеку повисоко ниво. Ако веќе стана пракса и навика Црвена Звезда и Партизан да заработуваат милионски суми за своите таленти, тоа не беше така со другите клубови.
Сега во „одбраното“ друштво влегува и Чукарички со своја рекордна продажба. Станува збор за трансферот на Михајло Цветковиќ кој важи за еден од најталентираните српски фудбалери.
18-годишното момче игра во нападот и ќе ја продолжи кариерата во редовите на белгиски Андерлехт. За услугите на Цветковиќ белгискиот гигант ќе му плати на Чукарички основна сума од 3 милиони евра, со можност да порасне до 3,5 милиони.
Михајло Цветковиќ веќе е репрезентативец на Србија и дебитираше во А-тимот во март. Според „Трансфермаркт“ веќе вреди 6 милиони евра.