Дибала се уште нема нов клуб откако неговиот договор со Јувентус заврши по крајот на минатата сезона. Интер, Рома, Наполи и Манчестер јунајтед се клубовите кои се поврзуваат со Аргентинецот.
Се чинеше дека тој ќе потпише за Интер, нероазурите уште ја имат фаворитската улога за потписот на Дибала, но работите може да се променат.
За да го ангажира Дибала, Интер треба да се ослободи од Алексис Санчез и Един Џеко, но тоа не оди лесно.
Додека Интер го одолговлекува ангажманот на Дибала, Рома работи на пресврт и потпис со Аргентинецот.
Волчицата знае дека не може да му ја понуди Лигата на шампионите на Дибала за следната сезона, но тој таму би добил третман на крал и централно место во проектот на Фриедкин кој го предводи Мурињо.
Рома во Дибала гледа замена за Заниоло кој треба да потпише за Јувентус. Старата дама ќе го продаде Матијс Де Лихт, а потоа треба да го реализира трансферот на Заниоло.
Дибала е прва желба на Мурињо за наследник на Занило, а директорот Тиаго Пинто се обидува да му ја исполни.