Добро упатениот Романо го најави првото засилување за Челси за летото во 2023

by
1 минути читање

Кристофер Нкунку
минатото лето стави потпис на нов договор со РБ Лајпциг, но на сите им беше
јасно дека тој нема уште многу долго да остане и ќе направи трансфер откако доби откупна клаузула од
60 милиони евра.

Челси реагираше
најбрзо, „сините“ уште во септември извршиле тајни лекарски прегледи со Французинот
и со РБ Лајпциг ги испеглале речиси сите детали.

Како што
пренесува новинарот Фабрицио Романо
, сите договори и документи се потпишани, зделката е 100% затворена и слобоно
може да се каже дека Кристофер Нкунку е фудбалер на Челси од 30. јули 2023
година.

Останува да се
види дали трансферот ќе изнесува 60 милиони евра колку што е откупната
клаузула, или пак двата клуба договориле некаква поинаква структура.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани