Добро чувана тајна или лоша комуникација, Ибра се чудеше по мечот со Сасуоло: Навистина Пиоли добил нов договор?

by
1 минути читање

За време на синоќешниот натпревар помеѓу Сасуоло и Милан, агентот на Ралф Рангник соопшти дека преговорите со „росонерите“
се прекинати и Германецот нема да се пресели во Милано и покрај тоа што со
месеци се најавуваше негово пристигнување на Сан Сиро.

Потоа следуваше и
официјално соопштение на Милан, клубот пренесе дека тренерот Стефано Пиоли
добил нов договор и останува на кормилото до јуни 2022.

Ваквиот расплет
на настаните го затече изненаден Златан Ибрахимовиќ, кој по последниот свиреж разговараше
со медиумите.

„Дали е вистина
дека Пиоли добил нов договор?“
– напаѓачот го праша човекот кој му правеше
интервју.

„Никој ништо не
ми кажал за Пиоли. Очигледно тука учите нешто ново секој ден“.

Се верува дека останувањето
на Пиоли ќе влијае позитивно и врз иднината на Златан Ибрахимовиќ, кој сега има
многу поголеми шанси да добие нов договор, но напаѓачот се уште чека средба со
раководството на клубот.

„Имам уште три
натпревари и десет дена, ќе видиме што ќе се случи. Но никој не ми кажал ништо.
Работам напорно, тимот се чувствува добро и сите сме среќни. Откако дојдов во
Милан, табелата вели дека треба да сме втори“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×