Анчелоти во изминатите натпревари не можеше да смета на Винисиус кој се повреди на почетокот од сезоната. Повредата е санирана и тој повторно е во стројот.
„Винисиус тренираше вчера со тимот и денеска исто така. Повредата е минато, тој ќе биде во составот за утрешниот меч, ќе видиме во која улога. Ризикот е нула. Доколку имаше било каков ризик, немаше да биде во составот. Утре ќе одлучиме дали ќе стартува или не“, открива Анчелоти.
Италијанскиот стратег го прокоментира и средниот ред каде има многу фудбалери, а некои како Модриќ се незадоволни што не играат повеќе.
„Тешко е да оставите фудбалери на клупата, конкуренцијата е на многу високо ниво во средниот ред“, додаде тренерот на Реал.
Дербито меѓу Атлетико и Реал Мадрид се игра утре (недела) со почеток од 21 часот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.