Добри вести за Пеп и Сити, ѕвездата се враќа во ритам

by 24 фудбал
0 минути читање

Родри полека се враќа во ритам по тешката повреда на коленото која го извади од терен на подолг период. Шпанскиот репрезентативец пред неколку недели почувствува болки повторно во истото колено па мораше повторно да паузира.

Сепак пристигнаа добри вести за Манчестер Сити. Родри се приклучи на тренинзите и повторно тренира со остатокот од екипата што е јасен сигнал дека закрепнувањето се движи во добра насока.

Останува да се види кога Пеп Гвардиола ќе му даде минутажа на претстојните натпревари. Родри досега има одиграно седум мечеви во тековната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×