Лукаку беше надвор од стројот од август поради мускулен проблем. Во вторникот му беа направени тестови кои покажаа дека може да почне со групни тренинзи. Утринава им се приклучи на соиграчите.
Тој можеби ќе биде повикан и за саботниот меч од Серија А против Фиорентина, но не се очекува да настапи.
Симоне Инзаги утре ќе одлучи дали Лукаку ќе биде дел од дуелот во Фиренца.
Според „Газета“, Инзаги се надева дека Лукаку ќе биде стартер на клучниот меч на Интер против Викторија Плзен од Лигата на шампионите на кој ако нероазурите победат ќе се пласираат во осминафиналето на еден меч пред крајот на групната фаза.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.