Добри вести од Бразил поврзани со Нејмар!

by 24 фудбал
0 минути читање

Бразилската репрезентација потврди дека Нејмар успешно закрепнува од повредата и наскоро би можел повторно да биде на располагање.

Медицинските прегледи и магнетната резонанца направени во понеделникот покажале позитивен напредок во процесот на рехабилитација, а закрепнувањето се одвива според очекувањата на лекарскиот тим.

Од Бразил соопштија дека Нејмар ќе продолжи да работи според претходно утврдениот план за опоравување, со оглед на тоа што неговата состојба се подобрува од ден во ден.

Добрите вести значат дека искусниот офанзивец е сè поблиску до враќање на терените и повторно ставање на располагање на селекторот на „селесао“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×