До кога Манчестер јунајтед ќе го толерира Тен Хаг? „Ѓаволите“ синоќа соборија неколку негативни рекорди (ФОТО)

by
2 минути читање

Изминатиов
викенд, Манчестер јунајтед загуби дома во пресметката со Манчестер Сити, па
клубот го забележа најлошиот старт во последните 37 години со пет порази на
воведните 10 натпревари во Премиерлигата.

Синоќа следуваше
ново разочарување, Њукасл триумфираше на Олд Трафорд и ги елиминираше
„ѓаволите“ во Лига Купот, притоа беа соборени неколку негативни рекорди.

За прв пат по
октомври 1962 година, Манчестер јунајтед забележа два последователни домашни
порази со три или повеќе гола. Исто така, ова беше највисоката победа на Њукасл
на Олд Трафорд по 1930 година.

„Ѓаволите“ за прв
пат по сезоната 1962/63 загубиле на осум или повеќи натпревари од воведните 15
натпревари во сезоната, а загубиле и на пет од првите 10 домашни натпревари за
прв пат по сезоната 1930/31.

Навивачите на
Њукасл синоќа се мајтапеа со Ерик тен Хаг и му скандираа дека следниот ден ќе
добие отказ.

Легендата Гери
Невил на социјалните мрежи искажа незадоволство и ја побара „главата“ на
Холанѓанецот, а вакво мислење имаат и многу навивачи.

ЕСПН пишува дека
раководството на Манчестер јунајтед во моментов не размислува за промена на
тренерот, додека пак крушат гласини дека веќе се составува список со
потенцијални замени и на него се имињата на Унаи Емери, Хулијан Лопетеги и Грем
Потер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×