171
На големо изненадување вчерашниот пенал за Еибар го изведе голманот Дмитровиќ. Тој доби шанса да шутира откако неговите соиграчи на претходните мечеви двапати по ред не реализираа од белата точка.
„Останатите потфрлија па решивме Марко да шутира, моравме да промениме нешто. Тој ќе шутира додека не промаши, такви се фудбалските закони. На тренинзите шутира одлично и бевме сигурно дека ќе даде гол“, изјави тренерот Хозе Луис Мендилибар.