Паратичи слетал во Милано. За утре има закажано состанок со директорите на Милан каде тема ќе биде Танганга.
23-годишниот Танганга е производ на школата на Тотнем. Милан ќе преговара да го позајми со опција за откуп следното лето.
Паратичи се обидува да му најде клуб и на Брајан Хил кој би заминал на позајмица. Се шпекулира дека Сампдорија е заинтересирана за него.
21-годишниот крилен фудбалер од 2021 година е играч на Тотнем, минатата сезона ја помина на позајмица во Валенсија.
Паратичи ќе има состанок и со директорот на Рома, Тиаго Пинто, Тотнем е заинтересиран за Николо Заниоло.
Заниоло долго време беше мета на Јувентус, но тие се откажаа од намерата да го ангажираат и веројатно ќе го вратат Мората.
Денешните информации велеа дека Мурињо го убедил Занило да остане во Рома, а ако е тоа така, тогаш Паратичи нема да има полезен состанок со Пинто.