Директорот на Интер потврди два трансфери и откри каква е ситуацијата со Лукаку, Дибала, Лаутаро и Шкрињар

by
1 минути читање

„Нероаѕурите“
работат на неколку зделки, најзвучни се имињата на Ромелу Лукаку и Пауло
Дибала.

„Денеска нема да
соопштиме дека Ромелу Лукаку се враќа во Интер. Секако дека има добри шанси да
го ангажираме, но треба да се испеглаат одредени работи“
– вели Бепе Марота.

„Лукаку и Дибала
се наши цели, се обидуваме да ги ангажираме но мораме во предвид да ги земеме
финансиите. Преговорите се во тек и ќе бидеме среќни доколку пристигнат“.

„Планот е да направиме
капитална добивка од трансферите и да ја намалиме сметката за плати“.

Лаутаро Мартинез
е едно имињата кои често се споменуваат дека Интер би можел да ги жртвува,
заедно со Милан Шкрињар.

„Од интерес на
клубот е да имаме силен тим и веруваме дека Лаутаро Мартинез е фундаментален за
остварување на целите“.

„Потешко е да се
замине напаѓач отколку дефанзивец, па веројатно ќе бидеме принудени да се
разделиме со некого од одбраната. На ум веќе имаме неколку играчи доколку некој
од нашите дефанзивци замине. Бремер е дефанзивец од светска класа па
сигурно дека сме заинтересирани за него“.

На крајот тој додаде:
„Можам да потврдам дека во следните неколку дена официјално ќе го потврдиме
трансферот на Хенрих Мхитарјан и Андре Онана“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани