Директорот на Дортмунд го разочара Манчестер јунајтед: Санчо нема да биде продаден, крај на приказната

by
1 минути читање

Иако се пишува дека Манчестер јунајтед и Борусија Дортмунд сигурно ќе постигнат договор за трансфер на Џејдон Санчо, тоа нема да се случи.

Во план ни е да го имаме Џејдон Санчо во нашиот тим оваа сезона, одлуката е конечна. Мислам дека ова е одговор на сите ваши прашања“, им соопшти Цорк на новинарите пред почетокот на подготовките за новата сезона.

„Минатото лето ја прилагодивме платата на Џејдон во сооднос со неговиот развој и резултати. Па тој веќе тогаш го продолжи договорот до 2023 година“.

Борусија Дортмунд денеска ги почна подготовките за новата сезона, а на списокот од играчи кои отпатуваа во Швајцарија беше и Џејдон Санчо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×