Барселона повторно е на тапет и може да добие сериозна казна доколку се докаже дека исплатите кон поранешниот потпретседател на судиите, Енрикез Негреира биле со цел за да добијат судиска помош. Вкупно му исплатиле седум милиони евра.
Случајот се активираше повторно, на суд ќе се докажува кој е во право, а во меѓувреме Севиља излезе со соопштение дека нивните директори поради овој скандал нема да присуствуваат на мечот во Барселона.
Барселона веднаш реагираше со контра соопштение во кое го отфрли според нив неоправданиот напад од Севиља и најави дека ги прекинуваат сите врски со андалузискиот клуб додека тие не ја променат својата позиција кон нив.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.