Напаѓачот на
Вотфорд, Трој Дини го гледа петкратниот освојувач на Златната топка, Кристијано
Роналдо во Вулверхемптон, тој тврди дека ќе проработи португалската конекција
во тој клуб и со тоа 35 годишниот офанзивец ќе се врати во Премиерлигата.
Роналдо изминатиов
период се шпекулира дека е на излезна врата од Јувентус, а се верува дека тимот
од Торино ги разгледува сите можни опции за да се раздели со ѕвездата.
ПСЖ се споменува
подолг период како иден нов клуб на Роналдо, но Дини го вметна Вулверхемптон како
еден од можните опции за Португалецот, а има интересна теорија за таквите
очекувања.
„Јас сметам дека
тој би избрал клуб како Вулверхемптон, со таа португалска конекција, тоа
веројатно би проработело“ вели Дини за „ТолкСпорт“.
„Кој и да дојде
до неговиот потпис, станува збор за неверојатен талент, сигурно нема да добиете
Роналдо како во дресот на Манчестер јунајтед, но ќе добиете големо засилување,
како и да е“ додава тој.
„Се уште ќе имате
голови од Роналдо, воедно истото ќе го очекувате и натаму од Герет Бејл,
доколку тој е достапен, јас би бил изненаден доколку не постои клуб од топ 10
во Премиерлигата што би се обидел да го ангажира“ заклучи Трој Дини.
Што се однесува
до португалската конекција во Вулверхемптон, која ја наведува Дини, шефот на
стручниот штаб на таа екипа, Нуно Еспирито Санто, како и поголемиот дел од
неговиот стручен штаб, како и членовите на првиот состав се токму од
Португалија, а листата е долга.
Останува да
видиме во периодот кој претстои дали теоријата на Дини има логика и Роналдо би
им се приклучил на своите сонародници во Вулверхемптон, ќе додадеме дека
неговиот агент, Жорж Мендеш ги претставува интересите на дури седум фудбалери
на тимот од „Молењу“.