Динамо Загреб денеска информираше за тренерска смена по шокантната елиминација од АЕК во Атина со два примени гола во судиското продолжение.
„Динамо донесе одлука за прекин на соработката со господинот Игор Бишчан кој од денеска веќе не ја извршува функцијата тренер на првиот тим на Динамо“, се вели во соопштението на хрватскиот клуб.
На негово место е назначен Сергеј Јакировиќ кој досега беше тренер на Ријека.
„Господинот Сергеј Јакировиќ е нов главен тренер на Динамо. Досегашниот тренер на Ријека од овој понеделник го презема кормилото на првиот тим, а неговото деби ќе се случи во четврток против Спарта од Прага во првиот меч од плејофот за Лига Европа“, информираат од Динамо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.