Димитриевски за две минути прими два гола од Атлетико, пораз на Рајо (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Резултатот беше отворен во 22. минута кога Молина излезе сам пред Димитриевски и постигна гол за водство на Атлетико од 1-0.

Само две минути подоцна, по нафрлување од корнер, Хермосо даде гол, Атлетико Мадрид поведе со 2-0.

Во 62. минута ситуацијата за Рајо стана уште полоша откако Лехеуне доби директен црвен картон.

На пет минути до крајот Фран Гарсија постигна спектакуларен гол од далечина за намалување на 2-1. Рајо се врати во живот, но не успеа да направи изненадување, тоа беше конечниот резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×