192
Втор меч по ред Столе Димитриевски не прима гол во Барселона, денеска тоа беше против тимот на Еспањол.
Овојпат и среќата беше сојузник на Димитриевски бидејќи Еспањол трипати ја погодуваше конструкцијата од неговиот гол.
Мечот изобилуваше со тензија, Рајо остана со играч помалку во 16. минута кога Лужен доби втор жолт картон.
Но веќе во 30. минута силите на теренот беа израмнети откако Гомез доби директен црвен картон.
Десет минути подоцна по прекрасна комбинација од слободен удар, Палазон постигна гол за водство на Рајо од 1-0.
А конечните 2-0 беа дело на Цис во 59. минута од натпреварот.