Димитриевски прими кикс гол, но Рајо во 95. минута дојде до победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Елче поведе во 32. минута, при еден корнер, Димитриевски направи погрешна проценка, се обиде да боксува но излета во празно, а Боје ја погоди празната мрежа за водство на Елче од 1-0.

Само осум минути подоцна Камељо изедначи на 1-1, со тој резултат се отиде на одморот.

Во вториот дел Рајо цело време се мачеше да дојде до водство, Елче играше грубо и го бранеше својот гол. Гостите добија дури осум жолти картони и направија 19 прекршоци, за разлика од домаќините кои направија само пет фаули.

Правдата беше задоволена во 95. минута кога една топка на волеј му дојде на Лопез а тој од далечина на смести во мрежата на Елче за победа на Рајо од 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×