Димитриевски одбрани се што можеше да се одбрани, но не можеше ништо при головите на Меси и Де Јонг (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рајо добро ја
намачи Барса, домаќините дури имаа и водство, но квалитетот на гостите дојде до
израз и тие го продолжуваат настапот во Копа дел Реј.

Нашиот Столе
Димитриевски имаше неколку добри интервенции во првиот дел, ги спречи обидите
на Тринкао, Меси и Гризман а имаше и среќа кога Де Јонг и Пуџ ја погодија
рамката од голот.

За овие
промашувања казната стигна во 63. минута, по една брза контра Фран Гарсија
донесе 1-0.

Куман потоа
направи три замени, во игра влегоа Алба, Дембеле и Педри и веднаш дојде до
изедначување.

Де Јонг одлично
го уфрли Гризман кој несебично го проигра Меси а Аргентинецот осамен рутински
ја затресе мрежата за 1-1.

Десет минути подоцна,
во една класична акција за Барса, Меси уфрли топка за Алба кој спушти на пет
метри каде осамениот Де Јонг го матираше Димитриевски за 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×