916
Фудбалерите на Валенсија триумфираа на дуелот од 23. коло во Ла Лига против екипата на Леганес со 2-0 (2-0).
На овој натпревар во таборот на Валенсија на клупата остана македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој беше резерва.
Што се однесува до мечот, домашната екипа на „Местаља“ стигна до двојна предност во првото полувреме. Првиот гол беше дело на Москера по половина час игра, а потоа Диакаби зголеми на 2-0, резултат кој потоа се испостави како конечен.
Валенсија врза две победи во првенството, стигна до 22 бода и е на бод зад Леганес кој е „прв безбеден“.