Димитриевски може слободно да преговара со други клубови

by
1 минути читање

Актуелниот договор на Димитриевски со Рајо истекува по крајот на оваа сезона, а тоа значи дека од овој месец тој има прави слободно да разговара со други клубови за евентуален трансфер на лето.

Во последно време Димитриевски се поврзува со Севиља, а како можни дестинации се споменуваа и Валенсија и Виљареал.

Но, опција за Димитриевски е и Рајо Ваљекано. Тој по вчерашниот меч рече дека е во преговори со клубот и можно е останување.

„Среќен сум во Рајо, имам добра комуникација со претседателот и со сите во клубот. Во преговори сме и ќе видиме што ќе се случи. Ќе ја донесеме најдобрата одлука за мене и за клубот“, изјави Димитриевски.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×