Во интервју за шпанските медиуми, Димитриевски вели дека доколку фудбалерите на Рајо го испочитуваат планот, ќе може да се надеваат на изненадување.
„Реал Мадрид има фантастичен тим. Ние имаме план и стратегија како да му се спротивставиме. Мора да бидеме доследни до договорот и перфектни во исполнување на планот ако сакаме да изненадиме. Ние работиме напорно. Мора се да биде според планот за да дојдеме до резултат. Минатата сезона дома го победивме Реал со 3-2“, вели Димитриевски.
„Секогаш е предизвик да се игра против Реал, Атлетико или Барса, но мојата подготовка за секој натпревар е иста, без разлика дали играме против врвен тим или нисколигаш во купот. Светскиот фудбал е комплициран и сите тимови можат да те изненадат ако не се подготвиш добро“.
Главен мотор на Реал Мадрид оваа сезона е новото засилување Џуд Белингем.
„Џуд Белингем не е само за голови, тој е многу повеќе од тоа. Комплетен играч е и ќе му даде многу на Реал Мадрид“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.