Димарко откри дали по грешка го постигнал голот на сезоната во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер со 2-0 го
совлада Фросиноне и се врати на врвот на табелата, а по крајот на натправот топ
тема е спектакуларниот гол на Федерико Димарко.

Во финишот на
првиот дел, домаќините тргнаа во брз против напад, двајца играчи чекаа топка во
фор, сите мислеа дека Федерико Димарко ќе проигрува, но на големо изненадување,
левиот бек од 50 метри го лобуваше голманот на Фросиноне и постигна
спектакуларен гол.

„Во прв момент
погледнав каде е Дамфрис, но потоа забележав дека голманот е излезен, за среќa
топката заврши во мрежата, во спротивно ќе добиев еден куп навреди од трибините“
– вели Димарко.

„Ова е еден од
најдобрите погодоци кои сум ги постигнал“.

Неговиот соиграч
Хенрих Мхитарјан пак не се сложува со ова.

„Димарко рече
дека имал намера да шутира? Секако… Сите знаеме дека сакаше да му подаде на
Дамфрис!“
– вели Ерменецот.

„Но најважно е
што топката ја затресе мрежата, гол си е гол. Навистина сум среќен за него“.

Новинарот Рикардо
Тревисани пак порача: „Што е важно дали имал намера да шутира или не, постигна
луд гол како оној на Шевченко на дуелот помеѓу Милан и Јувентус. Само играч со стапало
како Димарко може да изведе нешто вакво“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×