Централниот дефанзивец откако го комплетираше трансферот во Астон Вила, се врати во Андалузија да се збогува со Севиља. На обраќањето тој не можеше да ги задржи солзите.
„Благодарен сум на Севиља што му купи за да ме развие како фудбалер и како човек. Севиља ја промени мојата животна приказна. Благодарен сум за тоа што го направија за мене. Овој клуб не заслужува збогување преку социјалните медиуми“, вели Диего Карлос.
„Освојувањето на Лига Европа вреди повеќе за мене отколку мојот златен олимписки медал со Бразил. Јас си одам, но тука пред вас гледате Севиљиста. Имав големо задоволство мојот син да се роди во овој град. Тука научив се“.
„Заминувам поради фудбалски мотив. Севиља секогаш ќе биде мојот дом, но сакам да имам нови предизвици“.
Диего Карлос помина три сезони во Севиља, но очигледно многу му значи овој клуб.
La emoción de @DiegoCarlos en su despedida #WeareSevilla #NuncaTeRindas pic.twitter.com/gz0IWRFubx
— Sevilla Fútbol Club (@SevillaFC) July 7, 2022