Дибала е слободен играч и се очекуваше дека брзо ќе потпише договор со нов клуб откако си замина од Јувентус, но работите не се одвиваат така.
Тој е во преговори со Интер, но тие траат, не се одвиваат онака како што посакува Аргентинецот.
Иако веројатно ќе потпише за Интер, големи се шансите тоа да не биде за понудата која ја имаше од Јувентус.
Дибала во еден момент имаше вербален договор со Јувентус, но потоа клубот се предомисли и му даде помала понуда која фудбалерот ја одби.
„Мундо Депортиво“ пишува дека дел од аргентинските медиуми тврдат дека Дибала жали што го напушти Јувентус, посакува да можел да го врати времето и да одговори позитивно на последната понуда.
Се чини дека Аргентинецот се прецени, очекуваше дека повеќе вреди на трансфер пазарот, па сега има судир со реалноста.