301
Интер важи за најголемиот ривал на Јувентус, а Дибала и покрај емотивното збогување со клубот од Торино, сака следната сезона да го носи сино-црниот дрес.
Синоќа се одржаа преговори меѓу агентот на Дибала и Интер кои завршија успешно.
Останува да се договорат уште бонусите на платата и да биде постигнат договорот кој ќе биде во трајност од четири години.
Преговорите ќе продолжат во наредните денови, а се очекува на следниот состанок да биде постигнат договор.