Пауло Дибала е дел од составот на Аргентина кој стигна до четвртфиналето на Светското првенство, но се уште нема настап на Мундијалот во Катар.
Тој по повредата беше во трка со времето за да се најде во составот на Аргентина и успеа. Во меѓувреме Рома се подготвува за вториот дел од сезоната, а Жозе Мурињо постојано му се јавува на Дибала да го праша како е.
„Мурињо ми се јавува секој ден. Тој сака да знае како се чувствувам. Имам одличен однос со него“, открива Дибала за „Газета дело Спорт“.
„Ние многу работиме заедно со цел да се вратам во најдобрата форма“.
„Без разлика што не играв, се чувствувам добро и среќен сум што стигнавме до четвртфиналето. Рома играше клучна улога во моето опоравување бидејќи ме сакаа по секоја цена за последниот меч пред паузата“.
„Кога се повредив бев многу погоден бидејќи знаев дека има малку време за опоравување пред Светското првенство, а повредата беше прилично сериозна. За среќа, медицинскиот тим во Рома е феноменален, тие ми помогнаа многу“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.