Дибала одговори на критиките од фановите на Јуве дека ја славел вчерашната победа

by
1 минути читање

Дибала помина седум години во Јувентус пред минатото лето да се пресели во Рома како слободен играч.

Аргентинецот синоќа беше обвинет од страна на дел од навивачите на Јувентус дека се радувал на нивниот пораз.

Во Телеграм група каде што тој е администратор, Дибала одговори на овие критики.

„Знам дека е тешко за вас… тешко е и за мене, но сега јас играм за друг тим и со други соиграчи кои треба да ги почитувам“, вели Дибала.

„Никогаш не е лесно да се победи, а таа победа ни е важна нас. Секогаш ќе имам почит за вас, не наседнувајте на социјалните медиуми“.

„Не го славев голот, не трчав во лице на никој. Ја прославив победата со моите соиграчи. Жал ми е за начинот на кој вие го гледате тоа. Ви испраќам прегратки на сите. Ве сакам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани