Дибала му се јавил на Јувентус, сака да се врати за многу помала плата

by
1 минути читање

Пауло Дибала
минатиот месец се збогува со Јувентус откако „старата дама“ реши да се повлече
од преговорите за нов договор поради високите барања на Аргентинецот за плата.

Напаѓачот
очекуваше лесно да најде нов клуб, многумина веќе го видоа во дрсот на Интер но
преговорите со „нероаѕурите“ тапкаат во место. Со оглед на тоа дека нема некои други
реални алтернативи, Пауло Дибала размислува за враќање во Торино.

Како што пишува
Телеломбардија, луѓе од придружбата на Аргентинецот стапиле во контакт со
раководството на Јувентус и се распрашувале за можноста одново да седнат на
маса.

Пауло Дибала е
подготвен да стави потпис на нов договор со „старата дама“ за многу помали
бројки од оние за кои се преговарало пред неколку месеци. Исто така, напаѓачот
размислува да го промени агентот, да ангажира некој од Италија кој од нула ќе
ги почне разговорите со Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×