Иако имаше финансиски многу побогати понуди во изминатите две лета, Пауло Дибала реши да дојде до Рома каде е третиран како Бог од фановите на римската волчица.
Во неговото последно интервју за аргентинските медиуми, Дибала ја открива и поврзаноста со Мурињо.
„Кога заврши финалето против Франција, требаше да одам до соблекувална да направам допинг тест. Па отидов во соблекувалната, го земав телефонот да се јавам до моето семејство и видов пет пропуштени повици од Мурињо. Мислам дека му се јавив него прво, па потоа на мајка ми“, открива Дибала.
„Тој беше многу среќен бидејќи ги сака Аргентинците. Секогаш ми зборувал прекрасни работи за Ди Марија и Меси исто така, ги сака нив многу. Сите Аргентинци кои играле за него давале се од себе и тој за сите има само големи зборови. Има големa наклонетост кон нас Аргентинците“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.