Дибала и Смолинг погодија за пресврт и славје на Рома на гостувањето кај Интер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На Симоне Инзаги
му се смешка отказ, Интер вечерва загуби дома во пресметката со Рома.

„Нероаѕурите“ го
отворија резултатот по половина час игра, Ди Марко биеше по земја и го совлада Патрисио
за 1-0.

Десет минути
подоцна, Рома изедначи на 1-1, Спинацола нафрли а Дибала убаво закачи волеј и
ја затресе мрежата.

Интер во второто
полувреме се обиде да се врати во предност имаше неколку убави шанси,
Чалханоглу ја погоди пречката од слободен удар и кога се чинеше дека само прашање
на време е кога домаќините ќе постигнат гол, Смолинг ја замолкна публиката и по
еден прекин погоди за 1-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани