86
Рома синоќа имаше состанок со агентите на Пауло Дибала на кој и официјално му беше врачена понудата од римскиот клуб.
Таа е за тригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра која со бонуси ќе достигне до 6 милиони евра годишно. Дибала ќе има централно место во плановите на Мурињо.
Клучни во убедувањето на Дибала биле Мурињо и Тоти со кои Аргентинецот имал разговори во изминатиот период.
Се верува и дека Тоти ќе му ја даде десетката на Дибала која по неговото пензионирање никој не ја носел.
Очекувањата се дека во текот на денешниот ден и официјално ќе биде потврдено дека Дибала ќе биде нов фудбалер на Рома.
Новинарот Џанлука Ди Марцио твитна дека тоа е само прашање на време.