Дибала е во трка со времето да се опорави за мечот со Милан

by
1 минути читање

Дибала е клучен фудбалер на Рома, најдобар оваа сезона и голем хендикеп ќе биде доколку тој не може да игра против Милан. Меч кој може да биде клучен за топ четири.

Дибала се повреди на мечот против Аталанта. Деталните тестови покажаа дека не се работи за тешка повреда, го свиткал зглобот, но потребна му е пауза.

Во изминатите денови не тренираше со остатокот од тимот, имаше третман на зглобот со цел да му помине болката и отокот.

Во сабота сабајле ќе му бидат направени физички тестови по кои ќе се знае дали ќе може да игра.

Голема е веројатноста Мурињо да го земе во составот, но да го стави на клупата за резерви. Многу мали се шансите дека ќе биде доволно здрав за да биде стартер на мечот.

Во аут поради повреди кај Рома се и Смолинг, Љоренте, Вајналдум и Карсдорп.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×