Дибала добил амин од мајка му за предавство, напаѓачот е пред потпис со Интер

by
1 минути читање

Пауло Дибала ќе
биде нов играч на Интер, неколку извори од Италија пренесуваат дека начелно е
договорена соработка помеѓу „нероаѕурите“ и Аргентинецот.

Се работи за
четиригодишен договор според кој Пауло Дибала ќе има плата од 6 милиони евра по
сезона, плус 1 додатен милион во бонуси.

Сега до крајот на
неделата ќе треба да се испеглаат деталите, како бонусот за потпис и
провизијата на агентот.

Газета дело Спорт
пренесува дека Пауло Дибала добил амин од мајка му за предавство, напаѓачот
изминативе денови се консултирал со неа и таа го поддржала во намерата да го
замени Јувентус со лутиот ривал Интер.

Весникот исто
така додава дека Аргентинецот веќе разговарал со Симоне Инзаги и добил
информации каква ќе биде неговата улога во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×