Дибала: Ако освоиме Лига Европа, Рим ќе експлодира!

by
4 минути читање

Рома успеа да го донесе Пауло Дибала како слободен играч, Аргентинецот веднаш се вклопи во новиот тим и стана главен играч. Па сега се повеќе се зборува дали тој ќе остане во Рим или ќе си замине.

„Иднината? Не знам што ќе се случи, секако дека ќе зборувам за тоа со клубот. Но мојата цел сега е да ја однесам Рома колку што е можно повисоко“.

Тој е импресиониран од тоа што му се случува во Рома, од пасијата на навивачите кон клубот.

„Има само неколку места каде што има ваква пасија за фудбалот како тука. Има повеќе во Јужна Америка, но не многу во Европа, ова е вистинско шоу. Ако ја освоиме Лига Европа, градот би експлодирал како што се случи во Буенос Аирес“.

Според многумина Рома е зависна од Дибала, да не е тој, резултатите би биле полоши, но Аргентинецот не се сложува со тоа.

„Еден играч не е доволен, тимот треба да биде во добра форма па јас да играм добро. Ние заедно се бориме за ист сон“.

Дибала има само големи зборови за Мурињо кој беше клучот за неговото пристигнување во Рома.

„Карактерот кој тој го има ви помага многу, ве предизвикува да се запрашате, неговиот однос ве тера на тренинзите да гледате како на вистински натпревари. Тој го гледа секој меч како финале, без разлика на противникот или натпреварувањето. Тој живее на посебен начин, комплетно се идентификувам со неговото размислување. Поразите ме болат, кога се случуваат многу сум потиштен, без разлика дали е пријателски меч или натпревар од Лигата на шампионите или Лига Европа“.

„Мислам дека сме многу слични и тоа ми помага. Вистината е дека тој е тренер кои имал многу важни играчи и кој освоил се во светот на фудбалот и среќен сум што тој размислува така позитивно за мене. Ми се допаѓа начинот на кој комуницира, затоа неговите повици ме уверија дека треба да дојдам во Рома. Во животот имав шанса да играм со најдобрите фудбалери во светот и ме интересираше како е да се биде трениран од еден од најдобрите тренери во светот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани