Дебатата околу „ГОАТ“ во фудбалот трае и ќе трае. Лионел Меси и Кристијано Роналдо си „набиваат“ статистики и трофеи, а навивачите дебатираат околу тоа кој е најдобар.
Веројатно еден од најкомпетентните луѓе што може да ги спореди е Анхел Ди Марија. Аргентинецот играше четири години со Роналдо во Реал, додека со Меси многу повеќе во Аргентина и ПСЖ. Сега Ди Марија коментираше една од неодамнешните изјави на Португалецот дека без сомнеж е најдобар на светот.
„Добро го запознав Роналдо во текот на четирите години минати заедно, не ме изненадува дека го кажа тоа. Тој секогаш зборува така, се наметнува да биде тоа што сака – најдобар. Сепак, негова несреќа е што е роден во во времето на момче кое беше никој и ништо, но со допир на магично стапче стана недопирлив. Дека е така сведочат и бројките.
Еден од нив има осум Златни топки, а другиот пет, тоа е голема разлика. Втората работа е што Меси својата репрезентација ја одведе до светскиот трон, а Роналдо не успеал во тоа. Едниот има два трофеи на Копа Америка, другиот еден на ЕП. Евидентно е и на натпреварите, едниот силно се труди околу се во играта, другиот игра како да е во дворот на својата куќа. Сите знаат што ќе направи Лео и повторно на секој натпревар му успева да помине точно крај играчот. Тоа го прави веќе 18 или 20 години. Меси е таков природно, а Кристијано бидејќи многу се труди. За мене Меси е најдобар на светот и во историјата, без сомнеж“, изјави Ди Марија.
Крајот на оваа дебата веројатно нема да дојде никогаш, а можеби и не треба…