205
Ди Марија одигра одличен меч против Сасуоло, даде гол и имаше асистенција, но поради повреда предвреме го заврши дуелот.
Тој утринава беше на медицински тестови, а од Јувентус стигна потврда дека се работи за повреда на адукторот и за десет дена ќе му биде направен нов тест.
Тоа значи дека тој сигурно ќе го пропушти мечот против Сампдорија на Мараси кој е во следното коло, а на 27 август се игра големото дерби меѓу Јувентус и Рома во Торино.
Ди Марија ќе биде крајно неизвесен за тој меч, како што сега стојат работите, поголеми се шансите да го пропушти и тој дуел.