74
Јувентус ја започна новата сезона во Серија А со победа од 3-0 над Сасуоло, Анхел Ди Марија го
отвори резултатот, Влаховиќ
од пенал зголеми на 2-0, за на стартот од вториот дел, Аргентинецот да му
асистира на Србинот за 3-0.
Сепак, мала дамка
е тоа што 15 минути подоцна Анхел Ди Марија се пожали на повреда и мораше да
биде повлечен од игра.
„Не сум премногу
загрижен, ќе видиме што ќе покажат тестовите утре. За жал, вакви работи се
случуваат во фудбалот. Имаше проблеми со препоните и пред една недела.
Веројатно требаше да го извадам од игра кога поведовме со 3-0, но уживаше во
играта на теренот“ – рече тренерот Макс Алегри по крајот на натпреварот.