75
Анхел Ди Марија е
нов фудбалер на Јувентус, Аргентинецот доцна синоќа пристигна во Торино, утрово
ги помина лекарските прегледи и вечерва пристигна официјална потврда за
трансферот.
Напаѓачот потпиша
на една година со „старата дама“, па Јувентус нема да може да користи даночни
поволности и зделката ќе биде многу поскапа.
„За мене ова е
нова авантура и сум многу среќен. Од моментот кога кажв ДА, веднаш почувствував
како сум дел од едно семејство“ – беа првите зборови на Анхел Ди Марија како „бјанконеро“.