253
Ди Марија е слободен фудбалер, тој рече дека не брза со потпишување со нов клуб и сака да одбере место каде што ќе биде среќна и неговата фамилија.
„Мундо Депортиво“ смета дека одолговлекувањето на Аргентинецот е затоа што чека понуда од Барселона.
Барселона би требало да го загуби Усман Дембеле кој се шпекулира дека е најблиску до потпис со Челси.
Каталонците преферираат да го купат Рафиња од Лидс, но финансиската ситуација нема да им дозволи да го направат тоа ова лето, па се верува дека Ди Марија може да им биде краткорочно решение за таа позиција.
Тоа би било враќање на Ди Марија во Шпанија, тој четири години играше за најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид.