Ди Марија е еден од фудбалерите кои заслужуваат аплауза затоа што ги одбија големите пари на Саудијците и одбраа проект од љубов. Аргентинецот ова лето се врати во Бенфика која беше прв негов европски клуб.
„Саудијците? Не, Бенфика за било која плата. Имав многу телефонски повици од Саудиска Арабија, но нема шанси. Бројките кои ги нудат Саудијците се луди, но јас одбрав со моето срце, сакав да се вратам во Бенфика“, вели Анхел Ди Марија.
Претседателот на Бенфика, Руи Коста го потврди тоа, вели дека платата на Ди Марија не ја надминува границата на плати на португалскиот клуб.
„Платата на Ди Марија не ја надминува границата на платите во клубот, тој дојде без да потпише бонус кој би го добил надвор од платата“, вели Руи Коста.
„Ди Марија не ни сакаше да знае колкава ќе биде неговата плата. Не побара ниту едно евро повеќе од тоа што му го понудивме. Тој ми рече: Сакам повторно да играм за Бенфика, ќе потпишам за било која сума која ќе ми ја понудите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.