Ди Мариа вон комбинација за настап против Барселона

by
1 минути читање

Анхел Ди Мариа
поради повреда ќе отсуствува во првата пресметка помеѓу Барселона и ПСЖ во
рамките на осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

Аргентинецот се
здоби со повреда на дуелот против Олимпик Марсеј каде ПСЖ славеше со 2-0, а
шефот на стручниот штаб на францускиот првак, Маурицио Покетино објави дека 32
годишниот фудбалер нема да биде во комбинација за настап против Каталонците.

Неговото
отсуство не ни дава причина за некои радикални промени или идеи, ќе ги
пронајдеме најдобрите солуции кои ни се достапни, Анхел имаше многу натпревари,
тој е од голема важност за нас, но имаме избор на фудбалери кои можат да
придонесат за да добиеме натпревар
“ рече Покетино потврдувајќи го отсуството на
Ди Мариа.

Освен за дуелот
со Барселона идниот вторник, Ди Мариа ќе отсуствува и во Купот на Франција во
мечот против Каен, како и дуелот со Ница во Лиг 1.

Ди Мариа сезонава
на 19 настапи за ПСЖ успеа да постигне четири погодоци, но истовремено да
реализира и уште девет асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×