Анхел Ди Мариа се
надева дека неговиот сонародник Лионел Меси ќе се приклучи на францускиот првак
ПСЖ претстојното лето.
Фудбалерот на ПСЖ
верува дека Меси ќе си замине од Барселона на лето, а истовремено повика и на
смиреност за работите да се одвиваат според посакуваното сценарио.
„Се надевам“ рече
Аргентинецот за „Канал+“ запрашан за тоа дали Меси би се приклучил на ПСЖ.
„Постојат големи
шанси, треба да бидеме смирени и да ги оставиме работите да се одвиваат според
посакуваното сценарио“ додава тој во изјавата.
Актуелниот
договор на Ди Мариа со ПСЖ истекува токму на лето, меѓутоа тој се надева дека
ќе продолжи со тимот од француската престолнина.
„Ние преговараме
изминатиов период, најважното во моментов е тоа што јас сум среќен во Париз“
заклучи 32 годишниот фудбалер кој сезонава на 18 настапи запиша четири погодоци
и осум асистенции.