Наполи синоќа го победи Јувентус, а Лацио загуби од Торино, па голема е веројатноста Наполитанците следниот викенд да го освојат Скудетото. На Ди Лоренцо не му се верува.
„Искрено, така чудно се чувствувам само кога ќе помислам дека како капитен, јас после Марадона ќе кренам шампионски пехар за Наполи. Самата таа помисла, ем чудна, ама уште поневеројатна ми е. Ги обожувам сите соиграчи, сите заедно уживаме во овие моменти. Од почеток уживаме на теренот и еве полека доаѓаме до крајот. Оваа сезона тимот е така полн со квалитет, така квалитетот на секој што влегува од клупата за резерви е константен, што ни дава уште поголема сила. Сите имаат неверојатен придонес“, вели Ди Лоренцo.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.