Детенце во Тирана покажа „двоглав орел“ пред српските фудбалери (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Натпреварот меѓу Албанија и Србија во Тирана, дел од квалификациите за Светското првенство од самиот старт донесе многу тензии, провокации и инциденти кои ја засенија фудбалската атмосфера.

Уште пред првиот судиски свиреж, додека репрезентативците излегуваа на теренот во придружба на дечиња, едно од нив направи гест со рацете, прикажувајќи го симболот на „двоглавиот орел“ со цел да ги провоцира гостинските фудбалери.

Видеото може да го погледнете – ТУКА.

Покрај ова, српската химна беше масовно исвиркана од трибините, што дополнително ја вжешти атмосферата на стадионот.

Веќе по десетина минути игра, следуваше и првиот посериозен инцидент, српскиот репрезентативец Саша Лукиќ беше погоден со предмет фрлен од трибините додека се подготвуваше да изведе корнер. Натпреварот беше накратко прекинат, но продолжи по лекарска интервенција.

Јасно е дека УЕФА нема да остане глува на ваквите сцени. Се очекува Фудбалската федерација на Албанија да се соочи со санкции поради недолично однесување на своите навивачи и нарушување на спортскиот дух.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани