Деталите се важни, Мурињо на фудбалерите на Челси им кажал правило кое ниту судиите не го знаеле!

by
1 минути читање

Жозе Мурињо освои три титули во Премиерлигата во две етапи на кормилото на Челси, а Џон Тери сега сподели како „специјалниот“ се фокусирал на сите детали.

„Мурињо сакаше само да победи. Не е важно како, ќе стореше било што за да се здобие со предност, макар и да се работи за мала предност“ – вели поранешниот капитен на „сините“.

„Колку што паметам, ако има нафрлена топка во шеснаесетникот, и двајца дефанзивци тргнат на топката и потоа двајцата паднат на тревата, не треба двајцата да го напуштат теренот“.

„Па во последните 10 или 15 минути од натпреварите, Жозе знаеше да ни каже на мене и на Гери Кејхил „кога топката ќе дојде во шеснаесетник, гледатјте да се судрите и двајцата да паднете на тревата, бидејќи не можете двајцата да го напуштите теренот“. Никогаш претходно не сме слушнале за правилото, а и добар дел од судиите не го знаеа“.

„Мурињо беше многу понапред со овие ситни детали, најдобрите тренери секогаш ги наоѓаат тие мали разлики и предности. Неверојатно“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×