1,3K
Вирџил Ван Дајк денеска го продолжи договорот со Ливерпул за дополнителни две години со што се обврза на верност до 2027 година.
Ливерпул не откри детали од договорот на Холанаѓанецот, но според информациите на „Атлетик“, Ван Дајк има плата од 466.000 евра неделно што го прави најплатен дефанзивец во Европа.
„Среќен сум и горд. Имам многу емоции, чувствувам гордост и радост. Прекрасно е што ова патување можам да го продолжам за уште две години. Мојот план секогаш беше да останам тука, не размислував за ниту еден друг клуб“, изјави одличниот дефанзивец.
Во Ливерпул Ван Дајк пристигна од Саутемптон во 2018 година и од тој момент одигра 314 натпревари во кои постигна 27 погодоци.