Дербито помеѓу
Манчестер јунајтед и Тотнем во рамките на четвртото коло од новата сезона во
Премиерлигата во првиот викенд од октомври би можел да биде помеѓу првиот сет
натпревари каде би се дозволило враќање на навивачите на трибините.
Во Премиерлигата,
како и во останатите првенства, натпреварите се играат без публика поради
пандемијата предизвикана од Ковид-19, меѓутоа постои голема надеж дека тоа
барем во поблага варијанта се промени почнувајќи од октомври.
„Телеграф“ веќе
претходно извести дека властите во Англија веќе донеле заклучок дека на стадионите
ќе има навивачи на трибините до 30% од вкупните капацитети на арените, сепак,
останува една дилема веројатно која треба да се реши дополнително, а тоа се
клубовите кои немаат стадиони со голем капацитет.
Се верува дека
клубовите со помали стадиони, односно помали капацитети, ќе имаат дури и
помалку од 30%, а оние поголемите клубови во Премиерлигата наводно бараат
поголема бројка навивачи на сопствените стадиони, од причина што истите имале
поголема можност за тоа.
Како и да е, и
покрај фактот што од Премиерлигата притискаат за повеќе навивачи на трибините,
сепак, властите сметаат дека желбите се едно, а реалноста сосема друго, а вреди
да се издвои и тоа што „Сан“ го пренесе во однос на протоколот по кој би морале
да се придржуваат навивачите на трибините, а првично во истиот план наводно
стои дека тие нема да смеат да навиваат, туку и натаму ќе се продолжи со „вештачка
атмосфера“ со претходно снимен аудио материјал.
Во прилог четвртото коло предвидено за 3. октомври од кога би требало навивачите да се вратат на трибините во редуциран број:
